Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на Ѓавато и на Плетвар

Автомото-сојузот на Македонија соопшти дека e укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Битола кај Ѓавато и на Плетвар.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила сè уште има на патниот правец Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи од „Македонија пат“. Поради ниската температура, на места е можна појава на голомразица.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македоска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д.Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.