Собранието ги изгласа договорените закони

Собранието на Република Македонија вечерва, на 113. седница, по скратена постапка ги изгласа измените и дополнувања на Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за кривична постапка, на Изборниот законик и на Законот за Влада.

Претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино ги договорија законските измени и дополнувања во насока да се подготват предвремените парламентарни избори и да се излезе од политичката криза.

Предлагачи на законските решенја во Собранието се координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Илија Димовски и Горан Сугарески, и пратениците Артан Груби од ДУИ и Беким Фазлиу од ДПА.