Манчевски: Застануваме на патот на урбаната мафија во Карпош

„Ќе застанеме на патот на урбаната мафија. Не е дозволиво во подножјето на Водно да се градат висококатници и да се уништува зеленилото, а на неколку метри оттука да нема ни водовод ни канализација, да нема основни услови за живот“, изјави вчера потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, кој беше меѓу граѓаните во Карпош.

Тој истакна дека сè додека во секоја општина, град, село, не биде решен проблемот со водоводот, канализацијата, училиштата и со амбулантите, не може да се зборува за модерна и успешна Македонија.

– Три милијарди евра во следните 10 години ќе одвоиме и ќе инвестираме за изградба на патишта. Тоа се 300 милиони евра годишно за автопати, регионални, магистрални патишта и за локални патишта – рече Манчевски.

На средбите Манчевски зборуваше и за актуелната политичка ситуација во Македонија.

– По проверките на избирачкиот список се покажа дека повеќе од 330.000 гласачи се сомнителни и тоа го потврди изборниот криминал. Груевски и неговата банда владееле на тој начин што ги краделе гласовите и парите на граѓаните – изјави Манчевски.