ДИК ја усвои методологијата за прочистување на избирачкиот список

Државната изборна комисија синоќа го усвои правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во избирачкиот список. Одлуката на ДИК доаѓа по добиената писмена согласност од четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино.

Од ДИК соопштија дека на седницата е усвоена и постапката за спроведување теренска проверка за ажурирање на избирачкиот список, како и правилникот за методологија за водење и ажурирање на избирачкиот список, која се темели на проверки и на статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, неограничени теренски проверки и други соодветни признати методи за проверка.