Се степале на бензиска во Штип, си ги искршиле главите

Вчера, околу 18 часот, на улица Партизанска во Штип, на Г.Н. (35), додека бил на бензинска пумпа, му се доближил Д.Д. (54) и почнал вербална расправија, навредувајќи го со непристојни зборови, по што и физички го нападнал, удирајќи го со тупаници во пределот на главата и на телото.

По преземени мерки од СВР Штип, истиот е приведен и извршен е разговор. Се работи на целосно расчистување на настанот.