11 загинати и 46 повредени во сообраќајна несреќа во Турција

Најмалку 11 лица загинале, а 46 се повредени во сообраќајна несреќа во северозападна Турција, јавува турската агенција „Доган“.

Несреќата се случила синоќа откако автобусот од коловозот се забил во дрво покрај патот.

Автобусот, во кој поголемиот дел од луѓето биле семејства со деца, бил на пат кон ски центарот Улудаг.
Властите изјави дека коловозот во моментот на несреќата не бил влажен и дека немало мраз на патот.