ЗНМ, ССНМ и МИМ денеска на протест пред Клуб на пратеници

Денеска во 11 часот, пред Клубот на пратеници, Здружението на новинари (ЗНМ), Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) ќе протестираат поради тоа што не се вклучени во преговорите на четирите најголеми политички партии за реформи што треба да се случат во медиумите како последица на Договорот од Пржино.

Во 12 часот, пак, треба да продолжат преговорите на работните групи, во кои треба да се најдат решенија за некои од отворените прашања поврзани со реформи на МРТ, Агенцијата за медиуми, МИА, како и измени на Законот за медиуми.

На вчерашната средба, која се случи по неколкудневна пауза, белгискиот олеснувач Питер Ванхауте пред партиските претставници ги изложил можните решенија, но наводно немало подетална дискусија околу тоа што за кого е прифатливо.