Железничкиот сообраќај во Белгија сопрен поради штрајк

Штрајкот на вработените во белгиската Железница, парализираше голем дел од железничкиот сообраќај.

Во јужниот дел од земјата возовите денеска не сообраќаат, додека на северот и во Брисел услугата на превозот е ограничена.

Вработените протестираат поради можните измени во законските прописи за работно време, а синдикатите најавија официјален штрајк за во вторник.

Истовреме штрајкот на песроналот во затворите, кој трае еден месец, продолжува во повеќе затворски центри, иако владата и синдикатите велат дека се блиску до компромис.