Земјотреси на Филипините и во САД

Многу силен земјотрес се случи по 10 часот по македонско време на Филипините. Во местото Лејте е регистриран земјотрес со магнитуда од 6,9 степени, што влегува во разорна категорија. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, а засега нема информации за загинати и за штети на објекти.

Во западниот дел на американската сојузна држава Монтана, пак, се регистрирани два земјотреса во 9.27 часот и 9.33 часот по македонско време, со сила од 3,9 и 4,4 степени.

Земјотрес со сила од 3,8 степени е почувствуван и во Западна Турција, извести Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.