fbpx

Здружение на судии: Судиите имаат капацитет да ја вршат судиската функција

-

„Здружението на судиите на Република Македонија смета дека судиите имаат капацитет и интегритет да ја вршат судиската функција во согласност со Уставот, законите и со меѓународните договори и со тоа обезбедуваат непристрасно судење, заштита и унапредување на слободите и на правата на граѓаните и доследно почитување на принципот на владеење на правото“, пишува во соопштението што го достави до медиумите Здружението на судии, потпишано од претседателот Николчо Николовски.

Овој став доаѓа по повод актуелната политичка криза во земјава, односно снимките коишто ги објавува опозицијата, а кои, како што истакнува СДСМ, се доказ за спрегата меѓу власта и судството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...