ВМРО-ДПМНЕ: ДИК донесува одлуки, а не Зоран Заев

„Зоран Заев денеска предизвика уште еден скандал. Со својата изјава, ја поништи Државната изборна комисија (ДИК) и си зеде право да одлучува и да говори во нејзино име. Наместо ДИК, Зоран Заев зборуваше кои граѓани треба да бидат прогласени за спорни, кои треба да се прогласат за фантоми, па дури и за тоа кои граѓани треба да се избришат од  избирачкиот список“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за прочистувањето на избирачкиот список.

Според владејачката партија, „ДИК е таа што носи одлуки околу прочистувањето на избирачкиот список, а не Зоран Заев“.

– Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на лагите и на фабрикувањата што ќе ги лиферуваат СДСМ и нивните медиуми, бидејќи нивната крајна цел е да создадат хаос и тензии во кои единствено знаат да функционираат – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.