Унгарија на референдум ќе одлучува за прием на бегалци

Унгарската влада ќе распише референдум за задолжителните квоти за прием на имигранти кои ЕУ ги одреди на државите членки, соопшти денеска премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Според Орбан, квотите за имигранти ќе ја сменат етничката, културната и верската мапа на Унгарија и Европа.

– Владата со ова одговара на расположението на јавноста, ние сметаме дека воведувањето на квотите за преместување на имигрантите без поддршка на народот е еднакво на злоупотреба, изјави Орбан.

Унгарскиот премиер сепак не прецизираше кога референдумот ќе биде одржан.