Тројца мртви во вооружена пресметка во Филаделфија

Полицијата во Филаделфија синоќа соопшти дека во престрелка, на која ѝ претходела расправија, во близина на католичко училиште во градот се убиени три лица, а рането е едно.

Портпаролот на полицијата, Трој Браун, изјави дека една група луѓе се приближила до друга група на улица и отворила оган.

Двајцата загинале на местото на пукањето, додека третиот им подлегнал на повредите во болница.

Засега никој не е уапсен, а школото е затворено.