Руско МНР: Балканските држави не треба да се тераат да брзаат кон ЕУ


Москва, 15 февруари, 2018 - 17:02 (META) 

Принципиелен став на Русија е дека најкомлицираните проблеми во регионот мора да ги решат самите балкански држави независно, без да се тераат да брзаат и да се ограничуваат само на формалните критеруми, или со други зборови – без никакво надворешно мешање.

„Ова се однесува на прашањата за границите, темата со именувањето на Македонија, и особено ситуацијата со Косово“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова на денешната редовна прес-конференција, зборувајќи за Стратегијата на ЕК за Западен Балкан.

Захарова истакна дека Стартегијата на ЕК за Западен Балкан ја потврдува геополитичката цел на Унијата за понатамошно проширување и зајакување на нејзината улога во овој важен европски регион.

– Ние повеќе пати истакнавме дека Русија не се спротивставува на европската интеграција на Балканот, сè додека потенцијалните членки на ЕУ не мора да избираат помеѓу ЕУ и Русија – рече Захарова.


Савески: Левица ќе оди на избори сама оти сите од опозицијата нè игнорираа


Скопје, 19 октомври, 2016 - 11:30 (META) 

Партијата Левица на централен комитет донела одлука самостојно да настапи на предвремените парламентарни избори на 11 декември откако нивната иницијатива за обединет настап на сите антирежимски партии била целосно игнорирана од опозицијата, потврди за „Мета“, Здравко Савески, член на президиумот на Левица.

– На централниот комитет, кој се одржа во неделата, на 16 октомври, по гласањето на локалните разграноци, донесовме одлука самостојно да настапуваме на изборите. Оваа одлука ја донесовме по игнорирањето на нашата иницијатива од опозициските партии за обединет настап на изборите на сите антирежимски партии, преку непартиски граѓански листи на кои ќе бидат кандидирани истакнати борци против режимот кои не се членови на партии – вели Савески.

Тој вели дека е особено загрижувачко тоа што речиси ни една опозициска политичка партија воопшто не дала одговор на нивната понудена иницијатива, а за одговор ги удостоиле само од Либерална партија и од ПЕИ, за кои иницијативата не била прифатлива.

– На изборите очекуваме конечно, по подолго време, граѓаните да имаат шанса да го тргнат режимот од власт и оваа шанса мора да се искористи. Сакаме да им дадеме опција на граѓаните кои се незадоволни од досегашните понудени политички опции, кои водат политика на штета на граѓаните, а во корист на елитите. Левица ќе им понуди опција за гласање која ќе работи во корист на граѓаните – додава Савески.


ДОМ ќе настапи самостојно на предвремените парламентарни избори


Крива Паланка, 27 јуни, 2015 - 15:06 (META) 

При посетата на општинската организација на ДОМ – Крива Паланка, Лилјана Поповска зборуваше за подготовките за самостоен настап на предвремените парламентарни избори.

„Логично е ДОМ да настапи самостојно, како што е конгресниот заклучок за идните локални избори 2017 и секогаш кога тоа е во интерес на промоција на програмските определби на партијата. Очекуваме на мирен начин и низ дијалог да се реши политичката криза, за да не се дестабилизира земјата. Логична завршница ќе бидат изборите, организирани заедно со опозицијата, преку некој вид преодна влада, за да не се случуваат изборни нерегуларности, по што сите ќе ги признаат резултатите“, изјави Поповска.