fbpx
Таг: МЗТ

таг: МЗТ

Синовец се враќа во МЗТ

Стефан Синовец ќе биде старо-новото засилување на кошаркаскиот клуб МЗТ Скопје. Српскиот кошаркарски интернационалец летово го напушти тимот на МЗТ и се пресели во унгарски Шолнок, но сега повторно се враќа во стариот тим, а тоа го потврди и неговиот агент Мишко Ражнатовиќ. Синовец нема да игра на вечерашниот натпревар со Црвена звезда, но ќе игра против Мега лекс в...

МЗТ загуби од Цибона

Кошаркарите на МЗТ Скопје на гостувањетo во Хрватска, од Цибона го доживеа осмиот пораз во регионалната АБА-лига (70:61). Најефикансен кошаркар кај МЗТ беше Диксон со 18 постигнати поени, а најдобар поединец на натпреварот беше Лалиќ кој уфрли 20 поени. Македонскиот интернационалец Владо Илиевски забележа пет поени и три асистенции.

МЗТ – Скопје му гостува на Унион Олимпија во Љубљана

Во рамките од 10. коло во АБА-лигата, МЗТ - Скопје денеска, со почеток во 21 часот, ќе му гостува на тимот на Унион Олимпија во Љубљана, Словенија. Ова е трета средба на Унион Олимпија и на МЗТ во рамки на Јадранската лига, а досегашниот резултат е 1-1.

Уште еден пораз за МЗТ – Скопје Аеродром

Македонскиот кошаркарски тим МЗТ - Скопје Аеродром го доживеа својот четврти последователен пораз во АБА-лигата. Кошаркарите, предводени од Боби Митев синоќа загубија од Металац со 58:64. Најмногу поени во составот на МЗТ постигна Сеад Шеховиќ, 16, Дамјан Стојановски имаше 13 и Александар Цветковиќ - 12 поени, додека најдобар во составот на Металац беше Никола Малешевиќ со 23 поени. Ова е шести пораз на...

МЗТ вечерва го пречекува Металец, влезот е слободен

Во последниот натпревар од осмото коло во АБА-лигата, кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва ќе го пречекаат Металац. На овој дуел „металците“ важат за фаворити против новиот претставник во регионалното натпреварување. На овој натпревар нема да игра Ненад Зивчевиќ, кој има повреда на грбот. Управата на „металците“ донесе одлука влезот за овој меч да биде бесплатен, во обид да се привлечат што повеќе обожаватели...

Работнички останува во Прва лига

Арбитражната комсија ја укина одлуката Работнички да биде префрлен во трета лига
Арбитражната комисија на Кошаркарската федерација на Македонија ја укина одлуката на комесарот Бобан Јосифовски, КК Работнички да биде исфрлен во трета лига по прекинот на дуелот со МЗТ Скопје Аеродром во „Градски парк“. Членовите на комисијата ја уважија жалбата на Работнички и повторно му го вратија случајот на решавање на Комесарот на натпреварувањето чија одлука сметаат дека е нејасна и...

МЗТ со нов пораз во Белград

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром претрпеа нов пораз во АБА-лигата откако синоќа загубија од Партизан во Белград со 65:50 (11 : 15,18 : 14,21 : 11,15 : 10). Ова за „металците“ е трет пораз по ред. По оставката на тренерот Врбица Стефанов, натпреварот го водеше неговиот помошник Боби Митев. Освен првата четвртина, која им припадна на кошаркарите на...

Работнички се сели во трета лига

Работнички се исклучува од тековното натпреварување и следната сезона се префрла во најнизок ранг на натпреварување поради самоволното напуштање на теренот и одбивање на повикот на првиот судија играчите да се вратат на теренот. Натпреварот е регистриран со 20:0 за МЗТ Скопје Аеродром, а Работнички не го добива бодот наменет за поразениот. Тимот од „Градски парк“ заработи и казна од 30.000...

Работнички: Виновници за прекинот се судијата и делегатот

По синоќешното дерби од македонскиот кошаркарски шампионат, со соопштение се огласи и КК Работнички, од каде нагласуваат дека целосната вина за прекинот на мечот ја носи судиската тројка, на чело со Марјан Мицевски, како и самиот делегат. Од „Градски парк“ истакнуваат дека официјалните лица потфрлиле во однос на избрзаното донесување на одлука за прекин на натпреварот, и дека со таквото однесување...

Диксон си заминува од МЗТ

Дион Диксон не успеа да се наметне кај стручниот штаб на МЗТ Скопје и до крајот на оваа седмица ќе ја заврши својата авантура како член на македонскиот шампион. Уште минатата седмица беше најавено дека со Диксон не е потпишан перманентен договор, туку американскиот бек се наоѓа на проба. Сепак, овој кошаркар не успеа да се снајде на натпреварите...

Прекин на дербито меѓу Работнички и МЗТ

Дербито меѓу Работнички и МЗТ Скопје е во прекин на 3:06 минути до крајот на третата четвртина, откако судиската тројка по третата опомена побара да се испразнат дел од трибините во салата „Градски парк“. И покрај претходните предупредувања (ги имаше по две и за двете навивачки групи), клупските обожаватели продолжија со фрлањето тврди предмети. Трпението на судиската тројка конечно заврши, не помогнаа...

Стојановски го продолжи договорот со МЗТ

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија успеа во своите редови да го задржи репрезентативецот
МЗТ Скопје утринава го потпиша новиот договор со репрезентативецот Дамјан Стојановски. Тоа значи дека Стојановски ќе може да игра веќе в среда против Работнички. По враќањето во тимот на Сеад Шеховиќ, договор со МЗТ потпиша и Американецот Дион Диксон, кој дебитираше на синоќешниот натпревар против Цедевита во регионалната АБА-лига.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...