fbpx
Таг: ГТЦ

таг: ГТЦ

ГТЦ да се прогласи за културно наследство, бараат активистите

По неуспешниот референдум, активистите од иницијативата „Го сакам ГТЦ“ не се откажуваат од борбата. Тие планираат низа активности за зачувување на автентичниот изглед на Градскиот трговски центар. Прва е прогласување на ГТЦ за културно наследство. - За ГТЦ да се прогласи за културно наследство и да добие некаков сптен на заштита, ќе треба да се одвојат финансии од буџетот за да се...

Твитерџиите разочарани, бараат „план Б“ за спас на ГТЦ

Социјалните мрежи се преполни со пораки на разочарување поради неуспешноста на референдумот за зачувување на автентичноста на изгледот на Градскиот трговски центар. Дел од твитер-заедницата сè уште не може да поверува дека битката против барокното решение за ГТЦ не успеа и се надева дека постои „план Б“ за спас на објектот. Сега прашањето е што понатаму? Има ли план Б? #ГоСакамГТЦ — Biljana...

Референдумот не успеа, но Жерновски нема да го даде ГТЦ

Пропадна референдумот во општина Центар за изгледот на Градски трговски центар. Според податоците на градоначалникот Андреј Жерновски, околу 40 отсто од 43.560 запишани гласачи го искористиле своето право на глас, што е за 10 отсто помалку од неопходниот цензус за успешност на рефердендумот. Жерновски вечерва на прес-конференција им се заблагодари на центарци кои излегле на референдумот и гласале за спас...

„Мост“: До 17 часот на референдум излегле 34,55 отсто од гласачите

Според податоците добиени од ПВТ-програмата (паралелно пребројување на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 15 часот е 29,61 отсто, до 16 часот е 32,21 отсто, а до 17 часот е 34,55 проценти, соопштија од Граѓанската асоцијација „Мост“. Од невладината организација наведуваат дека забележани се нови неправилности на гласачките места. Според податоците на „Мост“, на гласачкото место 2.830 на улица Ѓуро...

ДИК: До 10 часот гласале 5,56 отсто од избирачите

Вкупно 2.420 граѓани до 10 часот наутро излегле да гласаат на референдумот во општина Центар за изгледот на ГТЦ, соопшти Државната изборна комисија. Право на глас имаат 43.546 граѓани, кои требаат да гласаат во 78 избирачки места. Според податоците на ДИК, излезноста до 10 часот изнесува 5,56 проценти. Граѓаните на референдумот треба да одговорат на прашањето „Дали сте за да се...

Референдум во Центар за изгледот на ГТЦ

Жителите на скопската општина Центар денеска на референдум гласаат за изгледот на Градскиот трговски центар во Скопје. Во согласност со избирачкиот список, 43.560 граѓани имаат право да одговорат на референдумското прашање „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар?“. Изјаснувањето ќе го набљудуваат 597 набљудувачи, од кои четворица од ОБСЕ, 181 од Граѓанското општество...

Центарци се собраа да го гушнат ГТЦ пред референдумот в недела

Неколку стотини граѓани вечерва се собраа пред Градски трговски центар(ГТЦ) на концерт и на „големо гушкање“ на ГТЦ, пред референдумот кој ќе се одржи в недела, а на кој граѓаните на општина Центар ќе одлучуваат за изгледот на овој објект. Настанот е организиран во рамките на иницијативата „Го сакам ГТЦ“ и е последна активност пред референдумскиот молк, кој стапува на...

СДСМ: 83 отсто од центарци ќе излезат и ќе гласаат за спас на ГТЦ

Граѓаните на општина Центар, во огромен број сакаат да се задржи автентичниот изглед на Градски трговски центар (ГТЦ) и според најновата анкета, 83 отсто од граѓаните се изјасниле дека ќе излезат на референдум в недела и ќе гласаат за задржување на изгледот на ГТЦ, изјави денеска претседателот на општинската организација на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ. - Од ова се...

Молкот за референдумот за ГТЦ почнува денеска на полноќ

Четириесет и осум часа пред почетокот на референдумот за изгледот на Градскиот трговски центар треба да заврши објавувањето на јавната прoпаганда, за разлика од 24 часа кои важат за партиите за време на избори. Новинарите смеат да објавуваат текстови поврзани со ГТЦ, но не и со референдумот или со тезата што ја застапува овластениот предлагач. Во член 12 од Законот...

Центарци со хитови од шеесеттите се забавуваа на корзото за ГТЦ

Неколку стотини граѓани вечерва се собраа на корзото во паркот Жена-борец, настан во рамките на кампањата „Излези за ГТЦ“, чија цел е да ги мотивира граѓаните во општина Центар да излезат на претстојниот референдум на кој ќе се одлучува за изгледот на Градскиот трговски центар. На неколку штандови, поставени во паркот, се собираа донации за спас на ГТЦ. Присутните граѓани на...

Активисти ќе им објаснуваат на граѓаните зошто треба да гласаат на референдумот за ГТЦ

Членовите на граѓанската иницијтива „Го сакам ГТЦ“ ќе организираат форуми, прошетки низ Градскиот трговски центар, изложби на стари фотографии за да допрат до секој граѓанин и да објаснат зошто е важно да излезат на референдум и да се изјаснат на прашањето „Дали сте за тоа да се задржи сегашниот изглед на фасадата на ГТЦ?“, пишува „Нова ТВ“. - Во овие 20...

Почнаа подготовките за спроведување на референдумот во Центар

Андреј Жерновски, градоначалникот на Општина Центар, денеска до Државната и Општинската изборна комисија (Центар) испрати барање за спроведување референдум за Градскиот трговски центар. Во барањето пишува дека ДИК и ОИК  треба да го подготват и спроведат референдумот во согласност со законската регулатива. Од Општината велат дека ќе ги обезбедат сите потребни технички, просторни и други услови за работа. Околу деталите за...

Советниците на Општина Центар одлучија: Референдум за ГТЦ на 26 април!

Советниците на Општина Центар со 12 гласа „за“, одлучија да распишат референдум за изгледот за Градскиот трговски центар. Советниците од СДСМ гласаа „за“, а единаесетмината советници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано. Прашањето што ќе биде поставено на референдумот ќе гласи „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на ГТЦ?“. Референдумот ќе се случи на 26 април од седум до...

„Цивил“ ја поддржа идејата за референдум за изгледот на фасадата на ГТЦ

Невладина организација „Цивил“ денеска излезе со соопштение во кое целосно ја поддржува иницијативата за референдум за изгледот на фасадата на Градскиот трговски центар, која ја покренаа Општина Центар и граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“. - Барокната треска што ја опфати Владата уште пред неколку години и која со сета тежина се урна врз плеќите на општеството и го олесни народниот џеб...

Референдум во Центар на 26 април за изгледот на ГТЦ?

На 26 април, жителите на општина Центар ќе имаат можност да гласаат на референдум за изгледот на Градскиот трговски центар, а резултатите од референдумот ќе бидат обврзувачки и ќе мора да се применат, вели градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски. Прашањето на референдумот ќе биде „Дали сте за тоа да се задржи сегашниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар...

Референдум за изгледот на ГТЦ

Референдум кој ќе покаже дали граѓаните сакаат да се менува изгледот на ГТЦ ќе спроведе градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, заедно со граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“. Иницијатавата за референдум ќе биде промовирана денеска, во 12 часот, пред влезот на ГТЦ. „Референдумот ќе биде во согласност со Законот за локална самоуправа. За него ќе треба одлука да донесе и...

Скопјани се собраа да кажат „не“ за барок на ГТЦ

На плоштадот во Скопје вечерва се собраа граѓани во одбрана на Градскиот трговски центар. Тие испратија порака до Владата да се повлече од намерата да го претвори во барок. Меѓу насобраните скопјани имаше и многу јавни личности, а во одбрана на ликот на ГТЦ со песна застана и пејачката Ана Костовска. Протестот под мотото „Во Новата година со стариот ГТЦ“, почна...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...