fbpx
Таг: бензинска

таг: бензинска

Ограбена спортска обложувачница и бензинска пумпа во Скопје

Непознато маскирано и вооружено лице синоќа, околу 22 часот, ограбило спортска обложувачница на улицата Тале Христов во Скопје. Разбојникот со закана со пиштол одзел околу 200.000 денари, а од еден од присутните во обложувачницата одзел мобилен телефон, по што избегал. Неколку часа подоцна, ноќеска околу 2.20 часот, маскиран и вооружен разбојник ограбил бензиска пумпа меѓу населбата Ченто и селото Арачиново. Разбојникот заканувајќи...

Ограбена бензинска на „Макпетрол“

Непознато лице вчера попладне ја ограбил бензинската пумпа „Макпетрол“ на скопскиот булевар „Македонско Косовска Бригада“. Непознатото маскирано лица, со пиштол му се заканил на вработениот и од касата одзел околу 100.000 денари, по што го напуштил местото на настанот. Полицијата се уште трага по крадецот и работи на целосно расчистување на кривичното дело.

Разбојници ограбиле вработени на бензинска во Скопје

Синоќа, околу 23 часот, двајца маскирани и вооружени разбојници ограбиле вработени на бензинската пумпа „Супер оил“ на улицата Александар Урдаревски во Скопје, информира полицијата. Како што информираат оттаму, разбојниците, заканувајќи се со огнено оружје од двајца вработени одзеле 6.000 денари и два мобилни телефони. Екипа на скопската полиција извршила увид на местото и работи на расчистување на случајот.

Разбојници однеле 75.000 денари од бензинска на „Макпетрол“

Двајца маскирани и вооружени разбојници, утрово околу 2.40 часот, ограбиле бензинска пумпа на „Макпетрол“ на улицата Антон Панов, во скопската населба Ченто, информира полицијата. Двајцата разбојници, од кои едниот бил вооружен со пиштол, од вработените на бензинската одзеле околу 75.000 денари и веднаш побегнале од местото. Од полицијата засега немаат осомничени лица за разбојништвото.

Разбојници однеле 3.000 денари и цигари од бензинска на „Лукоил“

Двајца маскирани и вооружени разбојници ноќеска ограбиле бензинска станица на „Лукоил“, на автопатот Скопје - Тетово, во близина на селото Арнакија, соопшти полицијата. Разбојниците, околу 1 часот по полноќ, влегле во бензинската и, заканувајќи му се на вработениот, зеле 3.000 денари и цигари. Полицијата засега нема осомничени лица и презема мерки за нивно откривање.

Ограбена бензинска пумпа на „Макпетрол“

Утринава, околу 2 часот, во Скопје, во населбата Илинден, на бензинска пумпа „Макпертол“, две непознати маскирани лица, од кои едниот вооружан со пиштол кој го вперил во главата на вработениот, извршиле разбојништво, одземајќи му од работната торба околу 50.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот. СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Разбојници однеле 50.000 денари плен од бензинска на „Макпетрол“

Тројца маскирани разбојници утрово, заканувајќи се со пиштол, ограбиле бензинска пумпа на „Макпетрол“ во скопската населба Кисела Вода, соопшти полицијата. Разбојништвото се случило околу 3.30 часот, на бензинската станица на „Макпетрол“ на улицата Антон Попов, кога тројцата маскирани сторители, од кои едниот вооружен со пиштол, им се заканиле на двајца вработени на бензинската и одзеле околу 50.000 денари од дневниот промет. Полицијата засега...

Пукано кон бензинската пумпа во Чегрене

Непознато лице вчера, од возило во движење, истрелало неколку куршуми во правец на бензинската пумпа „Вардар петрол“ сопственост на Ш.И. (53) од селото Форино, Гостиварско. При инцидентот оштетени биле изложното стакло од продажната просторија, стаклата на фрижидер, рам од алуминиумски излог од пицеријата „Вардар“ и фрижидер за ладење на сокови сместен внатре во пицеријата. Гостиварските полициски служби извршиле увид, при што се пронајдени...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...