Владата формира Совет за јавни финансии и реши 112 да биде број за итни повици


Скопје, 6 февруари, 2018 - 19:58 (META) 

На денешната седница, Владата донела одлука да се формира Совет за управување со јавни финансии, на предлог на Министерството за финансии. Овој совет совет е клучно тело од структурата за управување, координација, следење и известување за спроведувањето на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии, соопштуваат од владиниот Сектор за информирање на јавноста.

Владата исто така донела одлука да се воспостави единствен комуникациско – информативен систем за итни повици, кој ќе го користи бројот 112, што веќе се користи во голем дел од Европа. Тоа значи дека за сите итни случаи, како пожар, потреба од итна медицинска помош или од полициска интервенција, како и за природни катастрофи, ќе се повикува тој број. Центарот за управување со кризи добил задолжение заедно со неколку министерства и институции да најде пари за да профункционира новиот систем.

Била донесена и одлука за закуп на градежно земјиште во Технолошко – индустриската развојна зона Скопје 1 со турската компанија Доган Отомотив, која ќе произведува делови за автомобилската индустрија.

Покрај другите одлуки, Љупчо Јаневски бил избран за за в.д. директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, на местото на разрешениот Александар Донев.

Истовремено, Ден Дончев бил реизбран на позицијата в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување.


Разрешен директорот на Агенцијата за туризaм кој патуваше со бизнис-класа


Скопје, 30 јануари, 2018 - 20:42 (META) 

Преку видео-обраќање на Твитер, портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, пренесе некои од одлуките донесени на денешната 52-ра седница на Владата на Република Македонија, меѓу кои и разрешувањето на Александар Донев, директор на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот.

 

Донев предизвика бројни реакции во јавноста со неговиот пат до Аргентина со бизнис-класата, за што потрошил 220.000 денари буџетски пари за билет.  Тогаш тој објаснуваше изјави дека разликата меѓу економската и бизнис класата била „само 40.000 денари“.

Исто така, донесена прифатени се предлог-измените на законот за патен сообраќај, со кој ќе се укине условот таксистите да поседуваат сертификат за знаење англиски јазик.

Исто така, Владата е против поскапување на цената на водата за пиење е и препорачала на Регулаторната комисија да ги преиспита одлуките.

Престанува да важи законот за субвенции за музичката продукција, а владата ќе најде други начини за поддршка на македонската музичка сцена.


Светска банка предвидува пораст на економијата од 3,2 проценти


Скопје, 10 јануари, 2018 - 17:52 (META) 

Светска банка предвидува пораст на економијата во Македонија од 3,2 проценти, во најновиот извештај Глобални економски перспективи за земјите од Европа и Централна Азија.

„По надминувањето на политичката криза, која имаше влијание врз економијата, главни проблеми остануваат невработеноста, фискалната консолидација и можноста за зголемување на фискалниот дефицит, поради најавените трошоци за инфрструктурни проекти“, се вели во извештајот на Светска банка.

Светска банка за 2019 година ни предвидува пораст од 3,9 проценти, а во 2020 од 4 проценти.


Локалитетите за спортско качување ќе се користат за привлекување туристи


Скопје, 15 септември, 2017 - 10:02 (META) 

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во соработка со Македонската спортско-качувачка федерација ќе го промовира авантуристичкиот туризам во земјава преку спортското качување.

За подобрување на условите на качувачките локалитети кај Матка, Маврово и кај Кадина во близина на Скопје, поставени се добро оклинчени спортско-качувачки насоки и сидришта, обележани и лесно достапни за секого.

„Туристичките трендови се во прилог на Македонија и на регионот, а создавањето и одржувањето на локални продукти се квалитетен и автентичен начин да се промовира уникатното од земјите. Туристите кои практикуваат авантуристички туризам се почитувани патувачи и се многу повредни за лакалната економија. Важен е податокот дека 74 проценти од финансиските средства кои ги трошат остануваат кај локалното население, за разлика од другите туристите кои патуваат организирано“, изјави директорот на АППТ, Александар Донев.

Според претседателот на Македонска спортско-качувачка федерација, Владимир Трповски, спортските качувачки клубови имаат активни членови со професионални инструктори на вештачки и на природни карпи.


Бектеши: Работниците со примања до 22.000 денари можат да користат бесплатен одмор


Скопје, 30 август, 2017 - 15:25 (META) 

„По предлог на Министерството за економија, Владата донесе мерка со која им нудиме на работниците со примања до 22.000 денари да искористат годишен одмор надвор од сезона во туристичките центри на Македонија, во вкупна вредност од 15.000 денари“, изјави денеска на прес-конференција во Владата, министерот за економија Крешник Бектеши.

Потврдите ќе ги издава Министерството за економија по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Александар Донев, ги повика менаџерите на хотелите и на мотелите да се пријават на јавниот повик што ќе биде објавен во дневните весници и на веб-страницата на Министерството за економија.

– Таму ќе може да ги најдат сите подетални информации за начинот на користење на средствата и за текот на реализација на програмата. Рокот за прием на апликациите за сместувачките туристички капацитети е до 5 септември годинава – истакна Донев.