fbpx
Таг: притвор

таг: притвор

Дебранин фатен со 1,5 килограм марихуана

Триесет и четиригодишен дебранин е осомничен за трговија со дрога, откако пред четири дена бил затекнат од полицијата со 1,5 килограм марихуана, информираат од МВР. Дебарската полиција, против Б.Р. поднела кривична пријава за неовластено производство и за пуштање во промет на опјни дроги, психотропни супстанци и на прекурсори, а судија на предходна постапка му одредил 30 дена притвор. Според полициските информации,...

Полицијата запленила 1,5 килограм хероин

Скопската полиција поднела кривична пријава против две лица осомничени за трговија со дрога и запленила околу 1,5 килограм хероин, информираат од МВР. Според полициските информации, станува збор за А.М. (31) и И.Н. (21), двајцата од Скопје, против кои е поднесена кривична пријава за неовластено производство и за пуштање во промет на опјни дроги, психотропни супстанци и на прекурсори, а судија...

Осудените во „Агент“ : Нашиот случај е криминално-политичка конструкција

Во соопштение за јавноста, Слободан Богоевски, Владо Пешликовски и Васко Томановиќ, кои неодамна беа осудени на затворски казни во случајот „Агент“, а чии пресуди беа потврдени од Апелацискиот суд, тврдат дека целиот случај е со криминално-политичка заднина, конструиран од власта. - По налог на „фамилијата“ која владее со извршната, законодавната и со судската власт во Македонија, Јован Илиевски почна постапка...

30 дена притвор за десетмина од уапсените во акцијата „Чекан“

Судија на предходна постапка им одреди триесетдневен притвор на десетмина од уапсените во вчерашната акција на МВР под оперативно име „Чекан“, информираат од Основниот суд Скопје 1. Четворица од осомничените, меѓу кои и организаторот на групата, се недостапни за органите на прогонот. Осомничените членови на криминалната група се товарат за злосторничко здружување, изнуда, лихварство и за перење пари.

Малолетник притворен за обид за тешка кражба

Судија на предходна постапка му изрекол 30-дневен притвор на 14-годишно момче, против кое скопската полиција поднела кривична пријава за обид за тешка кражба, соопшти МВР. Според полициските информации, малолетник на почетокот на октомври годинава, со намера да изврши кражба, провалил во куќа во населбата Драчево, откако со погоден предмет успеал да извади една од решетките на заштитната врата и потоа...

Обвинетите од „Монструм“ сакаат во „Идризово“ за полесно да контактираат со нарачателите?

Тројца од обвинетите од случајот „Монструм“ барале да бидат префрлени во скопскиот затвор „Идризово“ за да можат да комуницираат со нарачателите на петкратното убиство кај Смилковско Езеро, вели за „Мета“ родител на едно од убиените момчиња. - Тоа што сакаат да бидат префрлени од Битола и од Прилеп во затворот „Идризово“, значи само едно, а тоа е да дојдат до мобилни...

Автомобил излета во Дунав, од шестмина патници, тројца спасени

Три лица ги загубиле животите, а три се извлечени од реката Дунав во Белград, денеска, рано наутро, кога автомобил, марка „бмв 325“ излетал и паднал во реката, во близина на ресторан кај Ада Хуја, пренесуваат српските медиуми. Спасувачките тимови ги извлекле телата на една девојка и на едно момче, додека еден од настраданите, според неофицијални информации, во моментот на несреќата...

Само тројца во притвор од 14 приведени во акцијата „Јагула“

Најголемиот дел од осомничените што вчера беа приведени во полициската акција „Јагула“ во Охрид, се пуштени да се бранат од слобода. Во текот на вчерашниот ден и изминатата ноќ, тие беа изведени пред судија на предходна постапка, во Основниот суд Скопје 1. Мерката притвор им е определана само на поранешниот градоначалник Александар Петрески и на уште тројца раководители на сектори од...

Кривична пријава за познат скопски дилер на дрога

Единицата за недозволена трговија на скопската полиција, поднела кривична пријава против дилер на дрога, кој минатата недела бил фатен со пакувања хероин, информираат од МВР. Според пријавата, тој е осомничен за неовластено производство и за пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Судија на претходна постапка на осомничениот му одредил 30-дневен притвор. Од полицијата информираат дека скопјанецот, на...

Притворен скопјанец, ја уценувал поранешната девојка со компромитирачки фотографии на „Инстаграм“

На 19-годишен скопјанец му бил одреден осумдневен притвор, откако на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавил компромитирачки фотографии од својата поранешна девојка. Како што информираат од МВР, осомничениот А.Ш. на 13 ноември ѝ се заканил на својата поранешна девоја, дека доколку не му даде 5.000 денари, на „Инстаграм“ ќе ги објави фотографиите што ги снимил додека воделе љубов. Истиот ден, тој без согласност на девојката,...

Загрепскиот суд ја прифатил гаранцијата на Бандиќ за излегување од притвор

Истражниот судија на загрепскиот жупаниски суд ја прифати гаранцијата што за бранење од слобода ја понудиле загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ и другите осомничени во аферата „Аграм“, кои сè уште се наоѓаат во затворот „Реметинeц“, пренесуваат хрватските медиуми. Истражниот судија, Зденко Посавац, на осомничените им забранил контакт со сведоци, но и да ги извршуваат своите професионални работни обврски, што во случајот на Бандиќ...

Притворен поранешниот заштитен сведок Златко Арсовски-„Бреза“

Златко Арсовски, поранешен заштитен сведок во случајот „Ореше“, под псевдонимот „Бреза“, е уапсен од полицијата и му е одреден притвор, по барање на Основниот суд во Велес, бидејќи осум месеци не се појавуваше на главната расправа, каде што е обвинет за лажно сведочење, пишува дневниот весник „Вест“. - Во текот на средата попладне, Основниот суд од Велес бил известен дека...

Го барале од Интерпол, го нашле на Богородица

На 7 ноември во 21.10 часот, при пасошка контрола, на граничниот премин Богородица, на влез во Македонија, бил забележан 44-годишен белграѓанец, кој се бара од Интерпол за неовластено изработување, држење, посредување и за тргување со оружје или распрскувачки материи. МВР соопшти дека на Србинот му е определена мерка екстрадициски притвор во траење од 40 дена и дека тој се наоаѓа во затворот „Скопје“.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...