fbpx

Обвинетите од „Монструм“ сакаат во „Идризово“ за полесно да контактираат со нарачателите?

-

Тројца од обвинетите од случајот „Монструм“ барале да бидат префрлени во скопскиот затвор „Идризово“ за да можат да комуницираат со нарачателите на петкратното убиство кај Смилковско Езеро, вели за „Мета“ родител на едно од убиените момчиња.

– Тоа што сакаат да бидат префрлени од Битола и од Прилеп во затворот „Идризово“, значи само едно, а тоа е да дојдат до мобилни телефони за да комуницираат со нарачателите на убиството. Тоа им е јасно на сите. Сакаат да комуницираат со истите оние кои се наведени во обвинителниот акт и пресудата како НН-лица (лица со непознат идентитет н.з.), каде што има и, мислам дека се пет, прикриени телефонски броеви. За тоа одат во „Идризово“, каде што е „хотел промаја“. Во Битола и во Прилеп е поинаку, таму  не можат. Инаку за целиот случај, за НН-лицата, за броевите, Али Ахмети знае сè – вели за „Мета“ Горан Накевски, татко на Александар Накевски, едно од момчињата егзекутирани кај Смилковско Езеро.

Фејзи Азири, Хаки Азири и Агим Исмаиловиќ побарале од судот да бидат префрлени од затворите во Битола и во Прилеп, каде што издржуваат мерка притвор, и како што информираа од Основниот суд Скопје 1, нивното барање било прифатено минатата недела.

Иако информациите беа дека тие ќе бидат префрлени во „Идризово“ минатиот петок, но директорот на КПУ „Идризово“, Живко Пејковски, за „Мета“ денеска изјави дека лицата не се донесени во затворот.

Сепак, трансферот од еден затвор во друг за обвинетите е извесен, бидејќи од битолскиот затвор велат дека ја добиле потребната документација.

– Пристигнат е упатен акт од судот и лицата ќе бидат префрлени во Скопје – ни изјавија од битолскиот затвор.

Насер Рауфи, адвокат на обвинетите, појаснува дека префрлањето во „Идризово“, не значи дека тие барале предвреме да почнат со издржување на затворската казна, односно пред правосилноста на пресудата за „Монструм“, туку тие остануваат во притвор, само во друг затвор, во Скопје, за да можат да бидат блиску до семејствата.

Во членот 174, став 6, од новот Закон за кривична постапка, стои: „Кога судот ќе изрече казна затвор, обвинетиот, кој се наоѓа во притвор со решение на претседателот на советот, може да се упати во установа за издржување казна и пред правосилноста на пресудата, ако тој го бара тоа“.

Б.З.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...