Србија ќе има приходи од 1,5 милијарди евра од концесијата на аеродромот „Никола Тесла“

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека планираните приходи од концесијата на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, ќе бидат 1,5 милијарди евра. Концесијата ја доби француската компанија „Ванци ерпорт“, која со аеродромот ќе стопанисува во наредните 25 години, а потоа аеродромот ќе се врати во сопствеништво на државата.

Таа сопшти дека француската корпорација дала најдоба понуда за концесија и станува збор за компанија која има осум аеродроми во светот.

Српскиот претседател. Александар Вучиќ изјави дека проектот е започнат во време на неговата влада, но најголем дел од работата ја завршила сегашната влада.