Советот за безбедност на ОН го осуди нападот во Ерусалим

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска најостро го осуди терористичкиот напад во Ерусалим, во кој загинаа четири лица и им изрази сочувство на Владата и на народот на Израел.

Како што се наведува во соопштението, неопходно е да се изнесат пред лицето на правдата тие што се одговорни за нападот и се истакнува дека тероризмот во сите облици станува најсериозна закана за глобалниот мир и за безбедноста.