Советот за безбедност на ОН го осуди нападот во Берлин

Советот за безбедност на ОН го осуди „варварскиот и малодушен терористички напад“ на божиќниот панаѓур во Берлин и апелира изврштелите да бидат изведени пред лицето на правдата.

„Секој акт на тероризам претставуваа кривичен чин за кој нема оправдување, без разлика кои се мотивите, на тоа каде, кога и кој го извршил“, соопштија од Советот за безбедност.

Одговорноста за нападот со камион во Берлин, во кој загинаа 12 лица, презеде Исламска држава (ИД).