Сончево време со мала облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб југоисточен ветер, е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура се движи од 1 до 9 Целзиусови степени, додека дневната ќе изнесува меѓу 22 и 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево. Утринската температура се спушти до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и суво време со дневни температури над просекот за овој период од годината. Од сабота ќе започне да дува повремено засилен северен ветер, а од недела ќе преовладува променливо облачно, ветровито и постудено време со повремени врнежи од дожд.