Собрание: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно си реплицираа и си контрареплицираа

Како што почна, така и заврши четиринаесеттото продолжение на конститутивната седница на Собранието, во реплики и во контрареплики на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

По паузата за ручек во 15 часот, ниту еден од пратениците на СДСМ не се јави за збор.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ повторно расправаа за тиранската платформа, протестите, државните симболи, а беа спомнати и последиците по економијата од приватизацијата.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кажа дека „кога за претседател на најголемата опозициона партија имате човек кој има проблеми со судот, исто како и неговиот брат, тој има желба и лично и политички да се избави од судските проблеми“.

„Проблемот почна и проблемот ќе заврши со Зоран Заев, кој создаде ваква комплицирана ситуација која е ризична за Македонија“, истакна Милошоски.

Претседавачот Трајко Вељаноски седницата ја прекина во 18 часот, а следната ја најави за утре во 11 часот.