Со 240 километри на час, 79-годишна жена возела „порше“

Сообраќајни полицајци во Белгија биле многу изненадени кога констатирале дека зад воланот на автомобилот „порше бокстер ГТС“, за кого во 2 часот наутро на 18 јуни измериле дека се движел со брзина од 238 километри на час, седи 79-годишна жена.

Кога нивни колеги подоцна ја сопреле, таа рекла дека немала поим дека вози толку брзо, а излегла да се вози среде ноќ за да си ја разбистри главата.

Старицата завршила пред суд за прекршоци, каде добила казна од 4.000 евра за пречекорување на брзината и дозволата ѝ била одземена за период од три месеци. Сепак, тоа не ѝ паднало толку тешко колку да го убеди судот дека навистина таа била зад воланот.