Швајцарците гласаа против протерување на странци и за најмало кривично дело

Швајцарските гласачи на референдум ја отфрлија контроверзната иницијатива на десничарската Народна партија, со која се предвидуваше автоматско протерување на странците во случај на осуда и за најмало кривично дело.

Иако властите во изминативе неколку години ги заострија мерките за влез и за престој на странци, според Народната партија на Швајцарија тоа не е доволно.

Со оваа иницијатива автоматското протерување ќе се однесуваше и на тешки кривични дела, но и на сообраќајни прекршоци, како што е пребрзо возење, ако е извршено двапати во рок од десет години.

Според критичарите, со оваа иницијатива неправедно се стигматизираат странците, а нејзиниот предлагач, Народната партија, смета дека таква е волјата на народот.