Шест повредени на аеродромот во Франкфурт

Најмалку шест лица се повредени во инцидент на аеродромот во Франкфурт откако на еден терминал бил фрлен солзавец, јавуваат германските медиуми.

Полицијата соопшти дека шест лица се хоспитализирани поради проблеми со дишење.

– Причината за активацијата на солзавецот не е позната. Истрагата е во тек – соопшти портпаролот на полицијата.

Засега нема информации дали инцидентот е поврзан со тероризам, а германскиот весник „Билд“ објави дека сè се завршило во рок од 16 минути, по што продолжил приемот на патници.