СДСМ: Здравството тонеше поради криминалните апетити на Тодоров и на Груевски

„Лицемерна и лажна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за состојбата во здравството, бидејќи сите ги чувствуваат последиците од катастрофалните штети што ВМРО-ДПМНЕ ги направи во здравствениот систем. Никола Груевски, Никола Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ оставија пустош во здравството, руинирани болници, понижени пациенти и лекари, неупотреблива опрема и огромни долгови на здравствените установи“, реагира СДСМ на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Поради криминалното и расипничко владеење на Тодоров и на Груевски, сите здравствени установи во Македонија тонеа во милионски долгови. Клиничкиот центар во Скопје должи 3 милиони евра, бидејќи цели 10 години не се плаќале сметки за вода, а Градската општа болница „8 Септември“ има вкупен долг од 5 милиони евра. Владата предводена од СДСМ стави крај на таквото криминално, коруптивно и расипничко работење во здравството“, се вели во реакцијата.