СДСМ: Поради ВМРО-ДПМНЕ не можат да се формираат комисии и да се носат закони

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја повика ВМРО-ДПМНЕ „да придонесе кон заокружување на функционалноста на Собранието, со тоа што ќе предложи членови на собраниските комисии“.

„Посочуваме дека токму поради несериозноста на ВМРО-ДПМНЕ не можат да се формираат работните тела на Собранието и да се донесат важни закони од интерес на граѓаните. Тоа во моментов се измените во Изборниот законик што треба да овозможат дефинирање датум за локалните избори и продолжување на мандатот на градоначалниците и на советите, како и законските измени за укинување на екстерното тестирање што го очекуваат сите граѓани“, стои во соопштението на СДСМ.

Оттаму ги повикуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да „не се плашат од партиското раководство и наместо да штитат нивни лични интереси, да се постават како конструктивна опозиција во Собранието“.