„Родова еднаквост“ и „Шарената револуција“ на Скопскиот маратон

Повеќе од 8.000 учесници од 46 држави денеска учествуваат на годинешниот „Виз ер – Скопски маратон“, кој се одржува по 12. пат. Маратонот се организира под покровителство на Град Скопје и на Мисијата на Европската Унија, а наградниот фонд изнесува 17.100 евра.

rodova ednakvost 2Во рамките на маратонот се одржа и кампања за „Родова еднаквост“, организирана од УНПД. Десет лица облечени во портокалово, бојата за родова еднаквост, ја истрчаа кратката маратонска трка.

– Борбата за еднакви права меѓу мажите и жените е маратон со историски пропорции. Иако остваривме напредок кон оваа цел, сè уште ни преостанува уште многу за одење – рече шефицата на мисијата на УНДП во Македонија, Луиза Витон.

На маратонот се трчаат четири трки – маратон, полумаратон, штафетен маратон и трка на 5.000 метри, а исто така и годинава ќе има конкурси за избор на најдобар транспарент и за најдобра фотографија.
Меѓу учесниците на маратонот можеше да се забележат и поддржувачи на „Шарената револуција“, кои на своите маици ги имаа познатите дизајни.

https://twitter.com/R__m___tte/status/729216486464757765

Поради Скопскиот маратон, кој традиционално се организира по повод Денот на Европа, денеска е воведен посебен сообраќаен режим во градот.