!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Првите заклучоци за падот на рускиот авион за неколку месеци


       
Москва, 5 ноември, 2015 - 14:44 (META) 

Тимот што го истражува падот на рускиот авион во Египет, ќе испита дали во авионот имало експлозивен материјал, а првите резултати се очекуваат за неколку месеци, рече Александар Нерадко, шеф на руската агенција за авијација „Росавијација“.

Авион на руската компанија „Когалимавија“, „ербас А321“ се урна на 31 октомври во Египет, при што загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев претходно изјави дека е прерано да се донесуваат заклучоци за прилината за падот на авионот.