Привршува изградбата на социјални станови во Прилеп

Во завршна фаза се градежните активности околу изградбата на 76 социјални станови во населбата Точила во Прилеп.

Површината на која се протега објектот е 3.220 квадратни метри и тој е наменет за самохрани мајки, социјални семејства, многудетни семејства и за лица со посебни потреби. Средствата за изградба на становите се обезбедени од Европската банка за поддршка и развој, Владата и од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.

Според градоначалникот Марјан Ристески, со реализацијата на овој проект, кој наскоро и официјално ќе биде ставен во употреба, се отвора можност што повеќе прилепчани да го решат своето станбено прашање.

Распределбата на становите ќе ја врши Министерството за транспорт и врски по електронски пат.