При поставувањето, оштетен е новиот споменик на Крале Марко во Прилеп

Во Прилеп утрово, на градскиот плоштад Методија Андонов-Ченто, се поставува споменикот на Крале Марко, по повод 3 ноември, денот на ослободувањето на градот.

При поставувањето, оштетен е дел од споменикот, во пределот на ногата од коњот, па работниците што работат на монтирање на споменикот, на самото место се обидуваат да ја санираат штетата со дополнително заварување на оштетениот дел.

Поради габаритот и ергономиијата на споменикот, се поставува прашање колку овој споменик ќе претставува опасност за случајните минувачи на плоштадот, со оглед на тоа дека штетата е во основата, врз која стои целата тежина на монументот.

Неколкупати предходно, прилепскиот адвокат Жарко Стеваноски, анализирајќи ги правните процедури за поставувањето на споменикот во центарот на Прилеп, обвинуваше за повеќекратно кршење на предвидените законски процедури.