Потстанар пронајден убиен во стан во Прилеп

Маж на возраст од 65 години вчера бил пронајден мртов, со убоди на градите и на грбот, во стан во кој бил потстанар, соопшти СВР Битола.

Сопственикот на станот, 53-годишниот М.М., вчера, во 13 часот, отишол во полициската станица Прилеп и побарал полициска екипа заедно со него да влезе во станот, оти нешто му било сомнително. Потоа, во присуство на полицајци и со дозвола од јавен обвинител, сопственикот насилно ја отворил влезната врата на станот на улицата Гоце Делчев и внатре го нашле мртвото тело на В.М. (65) од селото Могила.

Лекар од итна медицинска помош го прегледал мртвото тело и утврдил убодна рана на десната половина од градниот кош и убодна рана на задниот дел од телото. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Се работи на расчистување на случајот.