Планот „3-6-9“ и статистиката за истрагите за корупција од лани, денеска на седница на Влада

Владата денеска ќе ја одржи 30. редовна седница, на која, меѓу другото, ќе биде разгледана динамиката и напредокот во исполнувањето на обврските од реформскиот план „3-6-9“, соопшти владината прес-служба.

Министрите, како што е најавено, ќе ја разгледаат и информацијата за статистичките податоци за кривичните предмети од областа на корупцијата за 2016 година.

На дневен ред ќе биде и информацијата за подобрување на статусот на децата во детските градинки, како и информацијата за текот на работата на советот за следење на состојбите во пензискиот систем и годишниот извештај за имплементација на стратегијата за родова еднаквост за 2016 година.

Министрите во Владата денеска ќе го разгледаат и годишниот извештај за работата на акционерското друштво во државна сопственост за услуги во воздухопловната навигација (МНАВ) за 2016 година, со извештајот од независниот ревизор.