Пет загинати во бомбашки напад во сириската провинција Дамаск

Пет лица загинаа, а 15 се повредени при експлозија на автомобил бомба во селото Бејт Џина во западната сириската провинција Дамаск.

Како што јавува сириската новинска агенција САНА, еден од повредените е во тешка здравствена состојба.

Засега ниту една група не презеде одговорност за нападот.