Откриен идентитетот на еден од напаѓачите во Анкара

Турските власти го утврдиле идентитетот на еден од двајцата напаѓачи во самоубиствениот напад во Анкара, во кој загинаа 102 лица, соопшти денеска премиерот Ахмет Давутоглу.

Како што јавуваат турските медиуми, станува збор за момче по потекло од југоистокот на Турција, чиј брат починал на сличен напад во Суруч, во јули годинава.

Давутоглу соопшти дека се уапсени 15 лица поврзани со нападот во Анкара, од кои четворица се задржани во притвор
.