Орото „Копачка“ под заштита на УНЕСКО

УНЕСКО инфомрираше дека македонското оро „Копачка“, што автентично го негува истоимената фолклорна група од делчевското село Драмче, е запишано во репрезентативната листа на нематеријално културно наследство.

За ова да се издејствува, помогна апликацијата на Република Македонија преку Министерството за култура во 2011 година, заедно со штипскиот обичај „четрсе“, кој, исто така, е запишан во листата на нематеријално културно наследство.