This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Thu Dec 13 6:16:47 2018 / +0000 GMT

Од средбата на Заев со Мицкоски најавен консензус за реформите




Можен консензус на власта со најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, е споменат од премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, по вчерашната средба што во Владата на Република Македонија ја имаше со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.ж

Како што соопшти Владата, а и Заев во изјавата за медиумите, се разговарало за актуелните политички случувања, за тековните преговори со Грција, за изборниот законик и за избор на членови на Државната изборна комисија, како и за можноста за враќање на опозицијата во Собранието. Притоа, Заев изрази разбирање за ставот на опозицијата дека додека не бидат пратениците пуштени од притвор, нивната пратеничка група не се враќа во Собранието.

- Јас имам апсолутно разбирање за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за притворите, дека додека не бидат комплетирани, не се враќат, но сакам уште еднаш дека немаме никаква намера да вршиме притисок врз правосудството - рече Заев.
Post date: 2018-03-05 09:34:18
Post date GMT: 2018-03-05 08:34:18
Post modified date: 2018-03-05 10:20:36
Post modified date GMT: 2018-03-05 09:20:36
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com