Најмалку тројца загинати во железничка несреќа во Шпанија

Најмалку три лица загинале во железничка несреќа во близина на градот Понтеведрa во Северо-западна Шпанија, кога патнички воз излетал од шините, јавуваат светските медиуми.

Според „Би-би-си“, во португалскиот воз имало 60 патници, а несреќата се случила утрово, околу 9.30 часот, во близина на железничката станица во градот.

Екипи на службите за итна помош се на местото на несреќата, јужно од Сантијаго де Компостела, каде еден од вагоните целосно излетал, а други два делумно испаднале од шините.

Во јули 2013 година во истиот регион се случи една од најтешките железнички несреќи, кога експресен воз излета од шините во близина на Сантијаго де Компостела. Во несреќата загинаа 79 лица, а 170 беа повредени.