Најмалку 20 загинати во напади на трговски центри во Багдад

Најмалку 20 луѓе се убиени во напади на екстремистите извршени денеска во неколку трговски центри во Багдад и околината, соопштија ирачките власти.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но се претпоставува дека зад него стојат припадници на Исламска држава (ИД).

Ирачката војска утрово соопшти дека нивните елитни единици влегле во градот Фалуџа, кој се наоѓа на околу 50 километри од Багдад, и почнале операција за истиснување на милитантите на ИД од градот.