На Табановце уапсен српски државјанин кој се барал за силување

Педесет и четиригодишен српски државјанин, кој се барал за кривично дело силување, вчера околу пладне бил уапсен на граничниот премин Табановце, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, вчера околу 12.25, при пасошка контрола, полицајците на граничниот премин констатирале дека В.К.(54) од Република Србија е евидентиран во стоп-листата и се бара за сторено кривично дело силување.

Во 13.35 часот В.К. бил предаден на полициските службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.