Малта го презеде претседавањето со ЕУ

Малта од денеска го презема шестмесечното ротационо претседавање со Советот на ЕУ од Словачка.

Како приоритети за време на својот мандат, ги постави прашањата поврзани со миграцијата, безбедноста, единствениот европски пазар, како и соседската политика и поморскиот сектор.

– Малтешкото претседавање останува посветено на процесот на проширување. Проширувањето на ЕУ е долготраен процес кој бара силни реформи од земјите кандидатки – изјави портпаролката на претседателството на Малта, Венди Борг.