Лондон ќе ги зачува врските со европските разузнавачки служби по Брексит

Британската премиерка Тереза Меј денеска соопшти дека официјален Лондон не планира да ги прекине врските со европските разузнавачки служби, туку дека планираат и понатаму да разменуваат информации.

– Откако ќе излеземе од ЕУ, ќе одржуваме тесни контакти со нашите европски сојузници по линијата на надворешната политика, како и во областа на борбата против криминалот и тероризмот. Со оглед на тоа дека заканите за нашата безбедност стануваат сè посериозни, ние не треба да ја ограничуваме соработката, ниту заедничката работа со други земји – рече Меј.

Според британската премиерка, за да се гарантира безбедноста на континентот, потребно е да се одржува мирот и стабилноста на Балканот, да се зајакнат надворешни граници на ЕУ и да се применуваат санкциите против Русија и нејзините активности на Кримскиот Полуостров.