„Лавиринт“ нова книга од Ристо Лазаров

Издателството „Везилка 2011“ ја објави новата, 32. поетска книга „Лавиринт“ од Ристо Лазаров. Како и последните десетина книги на овој автор, и оваа содржи 50 песни, седум циклуси со седум песни и една воведна песна.

Авторот на поговорот кон книгата, професорот Ферид Мухиќ, оваа книга ја нарекува поетска ревизија на архетипските митови. Класичните антички митови, оценува Мухиќ, од Тројанската војна и сите најважни херои и ликови што одиграле клучна улога во овој настан опеан од Хомер, преку Зевс и Хермес.

Инаку, „Лавиринт“ пред извесно време беше одбиена на конкурсот на Министерството за култура за финансирање на проекти од национален интерес за 2017 година.