Лагард: Нема успех без реструктуирање на грчкиот долг

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, денеска изјави дека учеството на оваа меѓународна финансиска институција во европскиот пакет за помош на Атина, е од пресудно значење за ублажување на товарот од грчкиот долг.

Таа одговори категорички „не“ на прашањето дали планот за спасување на Грција е одржлив без реструктуирање на долгот на таа држава.

– За да учествуваме, ни треба комплетна програма – изјави Лагард, прецизирајќи дека тоа се однесува на спроведување на фундаменталните реформи што ќе ја растоварат грчката економија.

Пружењето финансиска помош, според неа, треба да се одвива паралелно со реструктуирање на долгот.