Кучи – Тимоние: Има потенцијал за инвестиции од француски компании

Министерот за економија, Дритон Кучи, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.

Кучи и Тимоние ја оцениле економската соработка меѓу Македонија и Франција како успешна, со голем потенцијал за нејзино продлабочување во сферата на нови инвестиции од француски компании, нивни ангажман во изградба на енергетските капацитети, како и зголемување на бројот на туристи од Франција во нашата земја.

Амбасадорот на Франција, Тимоние го поздрави успешниот развој на билатералните односи меѓу двете земји и изрази уверување дека Франција ќе остане посветена на продлабочување на економската соработка и ќе продолжи со поддршката на Македонија на нејзиниот европски пат.