Кој ја напушта владата, а кој е незаменлив: Можно сценарио за пролетна реконструкција

Премиерот Зоран Заев неодамна најави „пролетно проветрување“, односно реконструкција на неговиот кабинет. Констатирајќи дека има слабости во работата на некои ресори, Заев даде и многу пластичен опис за тоа кои се неговите согладувања за работата на министрите, односно на владата. Според Заев, има „такви што знаат и се трудат, кои многу се трудат а не знаат, и кои ниту знаат ниту се трудат“.

Реконструкцијата, односно оценката за работата, премиерот ја најави на истекот на 10. месеци од формирањето на Владата.

Ова подолу е новинарска опсервација на „Мета.мк“ и на „Порталб.мк“ за тоа како би можело да биде сценариото на реконструкцијата.

Потенцираме дека прогнозата е направена врз база на наши согледувања за тоа кој колку работел.

За да ги видите прогнозите и оценките поминете со глувчето над сликата подолу.