Кина ја претрка Србија во петте наши најголеми трговски партнери (инфографик)

Во јануари 2019 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, нашата земја најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Бугарија, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Со влегувањето во групата топ пет трговски партнери на нашата држава Кина и го зеде местото на Србија, која традиционално се јавуваше во оваа група.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2019 година, изнесува 415.058.000 евра и бележи пад од 1,9 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 569.598.000 евра, што е за 1,4 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2019 година, изнесува 154.540.000 евра.